Top Sport

Младите фудбалери на Канатларовски на проверка против БиХ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги стартува подготовките за новиот циклус квалификациите кој почнува во март следната година. Селекторот Драган Канатларовски има на располагање нова генерација која ќе одигра два контролни дуели против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Првиот тест овие две селекции ќе го одиграат денеска на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток од 17 часот.

„Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме се што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната, повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации”, изјави Канатларовски.

Втората контролна средба меѓу Македонија и БиХ е закажана за 12. јуни. Натпреварот ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.

Scroll to Top