Top Sport

Хендерсон: За жал, ние ништо не правиме на полесниот начин

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, нормално беше презадоволен од тоа што го предводеше својот тим до европското финале, но призна дека на делови од натпреварот нивната игра загрижува.

„За жал, ние никогаш не правиме нешто на полесниот начин. На крајот ова беше огромен меч за нас и за нив. Во првото полувреме бевме навистина добри и постигнавме убави голови. Мислам дека убаво ракувавме со ситуацијата, освен во последните 10 минути. Мораме да престанеме да го правиме тоа, бидејќи не ни е првпат. Сепак, пресреќен сум што сме во финалето. Беше најважно да се даде рано гол, по што имавме несреќа со нивнито втор гол. Требаше подобро да го одиграме овој натпревар, но сега сме во финале“, изјави Хендерсон за „БТ спортс“.

Георгинио Вајналдум, чиј гол на крајот ги однесе Ливерпул во финалето вели дека нема да се плашат против Реал Мадрид.

„Против Реал ќе има прекрасен меч. Ако сакате да ја освоите титулата од Лигата на шамшпионите, морате да ги победите сите. Имаат многу добри играчи во тимот, но и ние исто така“, вели Вајналдум.

Нема „копи-пејст“ за Рома, Ливерпул ќе се надигрува со Реал за европскиот трон (видео)

Scroll to Top