Top Sport

Фацио:  Судијата ни „украде“ два пенали! (видео)

Федерико Фацио сметак дека Рома е оштетена во полуфиналето на Лигата на шампионите бидејќи Ливерпул се извлече со „два чисти пенали“, но сепак италијанскиот тим може да е задоволен од „растот на клубот“.

Рома предоцна се разбуди на „Олимпико“, постигнувајќи два брзи гола во последните 10 минути за 4:2 победа по 2:5 поразот на „Енфилд“.

„Ова треба да претставува постојан раст за нас, и начинот на кој покажавме дека знаеме да играме добар фудбал. Штета за вечерва, посебно поради двата чисти пенали кои не ни ги досудија. Судијата исто така реши да има само три минути продолжение на ваков меч… Но, мораме да размислуваме позитивно и да останеме со крената глава“, вели Фацио.

Нема „копи-пејст“ за Рома, Ливерпул ќе се надигрува со Реал за европскиот трон (видео)

Scroll to Top