Top Sport

Хендерсон: Здравјето на играчите никој не го сфаќа сериозно

Капитенот на Ливерпул – Џордан Хендерсон изјави дека е загрижен поради здравјето на фудбалерите кое никој не го сфаќа сериозно. Играчите се под посебен притисок поради згуснатиот распоред на натпревари, а клубовите имаат проблем со составот на тимови поради повреди и отсуства поради Ковид 19.

„Црвените“ во неделата одиграа 2-2 со Тотенхем иако голем дел од играчите или се позитивни на вируссот, или се со повреди.

„Мислам дека луѓето не можат да разберат колку е интензивно се додека не видите од прва рака. Фудбалот е за сите нас и сакаме да имаме можност да настапуваме на највисоко ниво секогаш кога ќе излеземе на теренот. За жал во овој период тоа е тешко да се направи. Навистина сум загрижен што здравјето на играчите никој не го сфаќа сериозно“ изјави Хендерсон за „BBC“.

Минатата седмица се потврдени рекордни 90 заразени со опасниот вирус во Премиерлигата, а 6 од 10-те мечеви минатиот викенд беа одложени.

Scroll to Top