Top Sport

Хенес: Баерн може да купи играч од 100 милиони, но тоа сигурно не е Хери Кејн

Почесниот претседател и член на бордот на Баерн Минхен, Ули Хенес, вели дека очекува германскиот гигант во иднина да потроши 100 милиони евра за играч, но повтори дека тоа не треба да е англискиот напаѓач Хери Кејн.

Иднината на ѕвездата на Тотенхем повторно е неизвесна, бидејќи неговиот договор завршува во 2024 година, така што летово ќе биде последната шанса Спарс да заработат пари на него ако не го продолжи договорот. Баерн Минхен, заедно со Манчестер јунајтед, честопати се споменуваат како најверојатна опциј за Кејн, но Хенес најави дека би гласал против таков приод.

„Можам да замислам да дојде играч кој ќе не чини 100 милиони евра. Но, во случајот со Кејн, веќе го кажав своето мислење. Тој има речиси 30 години. Лани Тотенхем одбија понуда од Манчестер сити од 160 милиони евра. Затоа повторувам, тоа не е трансфер за Баерн. Секко, ова е моето лично мислење и јас сум само еден од деветте членови на бордот и ако другите осум кажат дека ќе биде купен, тогаш ќе биде купен. Живеме во демократија“, вели Хенес.

Scroll to Top