Top Sport

Хенес ќе ги храни навивачите на Баерн со кобасици!

Семејната компанија за производство на кобасици на претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес доби договор да ги храни фановите на „Алијанц арената“ откако го помина тестот за вкус „на слепо“.

68-годишниот Хенес претходно одбиваше неговата семејна компанија „Хо Ве“ да има договори со Баерн, но пред четири години тој ја предаде контролата на компанијата на неговиот син Флоријан и ќерката Сабине, а сега тие победија на „тестот на слепо“ за да обезбедуваат кобасици за на стадионот.

„Додека ’Хо Ве’ ми припаѓаше мене и на мојата сопруга, одбивав да соработувам со стадионот, но компанијата сега е во рацете на моите деца. Одговорните во ресторанот на стадионот направија тест на слепо и сакаат да нарачаат од мојот син. Не знам што можам јас да направам. Но, од друга страна убаво е да се знае дека ’Хо Ве’ го задржува квалитетот“, вели Хенес.

Хенес девет години го носеше дресот на Баерн Минхен, а сега е претседател на 28-кратниот шампион од Бундеслигата.

Scroll to Top