Top Sport

Форс Индија со ново име и без поени, но со парите од ТВ-правата

Тимот на Форс Индија доби дозвола да ги задржи парите заработени во претходните сезони и покрај тоа што од неделната трка во Спа ќе се водат како нов тим во Ф1 под името „Рејсинг Поинт Форс Индија“.

Ова дојде откако тимовите кои претходно се противеа на овој договор, во прв план Вилијамс, Мекларен и Рено, се согласија на компромис.

„Преостанатите девет тима потпишаа договор со кој ќе можеме да ги задржиме парите кои Сахара Форс Индија ги заработи во минатите години“, потврди шефот на тимот, Отмар Шафнауер.

Форс Индија беше четврти најдобар тим последните две години, а се наоѓаа на шестото место пред да бидат ставени во стечај и откупени од конзорциум предводен од канадскиот милијардер Лоренс Строл.

Ф1 тимовите добиваат пари од три таканаречени „колони“ – првата се дели еднакво меѓу тимовите кои имаат пласман во последните три години, а втората според распоредот во минатата сезона. Третата колона ја добиваат тимовите со „посебни заслуги“ како Ферари, Мекларен, Вилијамс…

Бидејќи како „нов“ тим, тие ќе ги загубат поените од првите 12 трки, Форс Индија ризикуваа да ги загубат и парите од првата колона, а да добијат намалени поени од втората колона.

Scroll to Top