Top Sport

Хенрикс: Брутално тешко е да загубиш со 7:0

Дефанзивецот на Лајпциг, Бенџамин Хенрикс, кој играше со рака и направи пенал за Манчестер Сити во раната фаза од мечот, го коментираше дебаклот на „Етихад“.

„Никогаш во кариерата не сум загубил со 7:0. Брутална и горчлива вечер за нас. Халанд е исклучително силен напаѓач. Многу е тешко да го чуваш, но мислам дека проблемот беше во нас, бидејќи направивме многу грешки, посебно во одбраната“, изјави Хенрикс.

Тој дојде во Лајпциг од Монако во 2021 година за 15 милиони евра, а оваа сезона забележа 32 настапи за германскиот тим.

Scroll to Top