Top Sport

Хери Кејн ќе биде спонзор на дресовите на својот поранешен клуб Лејтон ориент

Хери Кејн потврди дека станува нов спонзор на четвртолигашот Лејтон ориент, со кој напаѓачот на Тотенхем ќе го поддржи тимот кој му го даде првиот професионален старт.

Како и повеќето англиски нисколигаши, Ориент имаа големи финансиски проблеми поради прекинот на сезоната поради корона вирусот и клубот од источен Лондон го постави целиот тим на принуден одмор во април, во најлош момент за клубот, кога се вратија во четвртата лига во 2019 по две години во Националната лига

Кејн, кој доби првпат шанса во Ориент во 2010/11, вели дека морал да помогне.

„Роден сум и израснат на неколку километри од стадионот и среќен сум што имам шанса да вратам на клубот кој ми го даде првиот професионален старт. Во исто време ова ќе биде платформа за заблагодарување на сите херои кои ги поддржуваат луѓето во овие тешки денови“, изјави Кејн.

Според договорот, домашниот дрес на Ориент ќе носи порака на благодарност до медицинските работници, гостинскиот дрес порака до детската болница за тешко болни „Хејвен хауз чилдрен“, а третиот дрес на „Ширт ту мајнд“, добротворна организација за ментално здравје. 10 отсто од продажбата на сите дресови ќе оди за овие цели.

Scroll to Top