Хери Кејн им даде надеж на навивачите на Тотенхем дека нема да имаат лош финиш на сезоната, откако се врати на тренинзи првпат по повредата на бутниот мускул која го отстрани од терените од јануари.
ТВ-снимките го „фатија“ капитенот на англиската репрезентација на тренинг во понеделик, иако беше одделен од остатокот од првиот тим кој се подготвува за утрешниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.
„Одлично е да се вратиш на трева со топка во нозете“, напиша Кејн на Твитер.
Кејн се повреди на мечот со Саутемптон и мораше да оди на операција, по што менаџерот Жозе Мурињо најави дека тој нема да се врати во составот до крајот на сезоната. Тотенхем беа исто така без другиот главен напаѓач Сон Хеунг-Мин, откако Кореецот ја скрши раката.
Love being back on the grass with a ball at my feet ?? pic.twitter.com/9b8klAmFmw
— Harry Kane (@HKane) March 9, 2020