Хери Мегвајр е новиот капитен на Манчестер јунајтед, само пет месеци по неговиот трансфер од Лестер, заменувајќи го Ешли Јанг, кој е пред комплетирање на трансферот во Интер.
26-годишниот Мегвајр има 29 настапи за „ѓаволите“ по трансферот од 80 милиони фунти од Лестер во август, но тоа е доволно Оле Гунар Солскјер да му ја даде довербата.
„Сè околу него ми кажува дека тој е лидер и затоа тој сега ќе ја носи лентата“, изјави Солскјер.
Претходно оваа сезона, Маркус Рашфорд, Давид де Хеа и Џеси Лингард ја носе капитенскат лента во отсуство на Јанг, кој имаше само 18 настапи во сите натпреварувања.