Top Sport

Херојот на Реал „заработи“ 20 конци

Антонио Ридигер, синоќа во Варшава не дозволи Реал Мадрид да го доживее првиот пораз од почетокот на сезоната. 29. годишникот, во 95.минута постигна гол против Шахтјор и го постави конечниот резултат 1:1. Со освоениот бод Реал си обезбеди место во осмина-финалето.

Во моментот кога го постигна голот, Ридигер имаше жесток судир со голманот на Шахтјор, Анатоли Трубин.

Германецот, облеан во крв остана да лежи на тревата. „Марка“, претпладнево објави дека Ридигер „заработил“ 20 конци.

„Она што не те убива, те прави посилен. Добро сум. Благодарам за пораките“, со порака на социјалните мрежи им се обрати Ридигер на навивачите.

Scroll to Top