Top Sport

Вориорс нема да го казнат тепачот Грин

Дрејмонд Грин, крилниот центар на Голден стејт Вриорс, нема да биде суспендиран од тимот откако минатата недела на тренинг физички се пресмета со соиграчот Џордан Пул.

Ова е одлука на клупското раководство и тренерот Стив Кер. Грин во четврток ќе се врати на тренинзите, а во петок се очекува да настапи на претсезонскиот меч против Денвер.

Пред да биде донесена конечната одлука, биле одржани неколку состаноци, меѓу другото, Грин и Пул разговарале меѓу себе со посредство на првата ѕвезда на тимот Стеф Кари.

„Ова беше најголемата криза откако тој пристигна во Голден стејт. Имавме сериозен проблем. Ниту една организација не е совршена, вклучително и нашата. Сепак, мораме да продолжиме понатаму заедно, за доброто на целиот тим. Решивме дека нема да има казни. Убеден сум дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори“, изјави тренерот на актуелните шампиони, Стив Кер.

Scroll to Top