Фудбалерите на германскиот бундеслигаш, Херта Берлин решија да клечат пред стартот на мечот со Шалке во знак на солидарноста со НФЛ играчите во САД.
Клечењето додека се свири американската химна во НФЛ стана симбол на протест против третманот на Афроамериканците од минатата сезона, додека оваа година во дискусијата се вклучи дури и американскиот претседател Доналд Трамп, критикувајќи го однесувањето како непатриотско.
„Берлин е обоен. Херта е тука да покаже дека различноста треба да се почитува, а не насилството. Затоа протестот е во знак на поддршка на американските спортисти и чин против дискриминацијата. За толерантен Берлин, сега и засекогаш“, најави официјалниот најавувач на мечот.