Top Sport

Херта и Клинсман никако до победа – прокоцкаа 0:2 водство кај Франкфурт (видео)

Јирген Клинсман беше донесен како тренер на Херта Берлин во обид да ги „сврти“ работите за клубот од германската престолнина, но ќе почека за првата победа, откако тие успеаја да пропуштат 0:2 водство и одиграа само 2:2 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Доди Лукебакио ја донесе „старата дама“ во водство во 30-тата минута, пред Марко Грујиќ да им донесе 0:2 водство во 63. минута.

Меѓутоа, Мартин Хинтерегер само две минути подоцна успеа да намали на 1:2, пред Себастијан Роде во 86. минута да го комплетира пресвртот и да ја прекине лошата низа од три порази едноподруго на „орлите“.

Херта уште е во зоната за испаѓање на 18. место со 12 поени, додека Ајнтрахт се 10-ти со 18 поени.

Scroll to Top