Top Sport

Интер повторно не успеа да ја победи Рома (видео)

Петочното дерби на лидерот во Италија, Интер и на четвртопласираниот тим, Рома, разочара, откако двата клуба пропуштија многу шанси за мечот на „Сан Сиро“ да заврши 0:0 и „нераѕурите“ да дозволат Јувентус со победа над Лацио да се врати на првото место во Серија А.

Со овој резутат, уште еднаш се потврдува дека „волчицата“ е тежок противник на гостувањата кај Интер – тие немаат пораз од 2015 година, а во последните 14 гостувања на „Меаца“ имаат дури шест победи и само три порази.

Рома доминираше во поседот на топката, посебно во првото полувреме, но сепак, поизгледните шанси беа кај Интер, кои пропуштија неколку „подароци“ од одбраната на Рома во првото полувреме.

Интер е прв со 38 поени, два повеќе од Јувентус, додека Рома останува четврта со 29 поени, еден помалку од третопласираниот Лацио.

Scroll to Top