Херта Берлин, „старата дама“ на германскиот фудбал ќе игра бундеслигашки фудбал и следната сезона, откако на „Фолкспарк“ во Хамбургер стигнаа до 0:2 победа во реваншот во баражот за опстанок во елитата.
ХСВ во првиот меч во Берлин успеа да стигне до 1:0 победа, така што фановите на клубот од северна Германија се надеваа дека на домашен терен само ќе го потврдат враќањето меѓу најдобрите, меѓутоа тимот на Феликс Магат уште во 4. минута дојде во водство преку Дедрик Бојата за поништување на предноста. Марвин Платенхарт во 63. минута го потврди опстанокот на Херта.
Шалке и Вердер Бремен претходно обезбедија директен пласман во Бундеслигата, додека нови второлигаши се Гројтер Фирт и Арминија Билефелд.