Top Sport

Калин Ивановски влезе во Топ 400 на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, го има најдобриот пласман во кариерата на АТП листата. Ивановски, за прв пат кариерата се проби меѓу најдобрите 400 играчи во светот.

Калин Ивановски, забележа скок од 50 места, од понеделникот тој се наоѓа на 362.место во светот.

Во Топ 10 има само една промена, на десеттото место се проби Американецот Френсис Тијафо.

Новак Ѓоковиќ ја започна 389. недела како светски број 1. Карлос Алкараз е втор, но може да се врати на врвот доколку го освои турнирот во Квинс.

Зад Ѓоковиќ и Алкараз се Данил Медведев, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Јаникс Синер и Френсис Тијафо.

Scroll to Top