Top Sport

Хет-трик на 39-годишниот Молина, Гранада ја „уништи“ Мајорка

Ветеранот Хорхе Молина постигна хет-трик за да ги предводи Гранада до 4:1 победа над Мајорка во меч од 18. коло во шпанската Ла лига за клубот од Андалузија да остане непоразен во последните четири меча во шпанскиот шампионат.

39-годишниот Молина го отвори резултатот во 20. минута, но Мајорка успеа да израмни преку Дани Родригез само четири минути подоцна. Молина во 61. минута го врати водството на домаќините, за во 90. минута да го комплетира хет-трикот и да биде повлечен од игра со аплаузи на „Нуево Лос Карменес“. Антонио Пуертас, фудбалерот кој го замени, во 97. минута ги „дотолчи“ Мајорка.

Гранада сега е на 15. место во Ла лига со 19 поени, едно место и еден поен зад Мајорка на 14. место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top