Top Sport

Данките убедливи против Шпанија за мундијалска бронза

Данската женска ракометна репрезентација е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство во Шпанија, откако доминираа од почеток до крај и ги победија домаќините на Мундијалот со 35:28 (16:13).

За Данките ова е трета бронза на Мундијалите, и прв медал од бронзата освоена на СП во Србија во 2013 година. Шпанија, пак, останува без медал две години откако беше сребрена на Мундијалот во Јапонија. Бургард имаше 7 гола за Данска, Хансен и Јоргенсен уфрлија по шест, додека Мартин за Шпанките беше најефикаса со 6 гола.

Во големото финале од 17.30 часот ќе се сретнат двете непоразени селекции, Франција и Норвешка.

Scroll to Top