Тотенхем ги заддржаа малите шанси да влезат меѓу топ 4 и да се пласираат во Лигата на шампионите, откако предводени од хет-трикот на Герет Бејл стигнаа до убедлива 4:0 победа над „фенерџијата“ Шефилд јунајтед.
Бејл постигна прекрасен гол во 31. минута, по што додаде уште два во само осум минути во второто полувреме (61. и 69. минута), за Хеунг-Мин Сон, по еден поништен гол поради офсајд во 77. минута да го потврди триумфот. Ова беше прв хет-трик на Бејл во Премиер лигата од далечната 2012 година.
Тотенхем сега се на петтото место на табелата со 56 поени, пет помалку од четвртопласираниот Челси, поен пред Вест хем и два поени пред Ливерпул. Вест хем и Ливерпул имаат меч помалку.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк