Top Sport

Хет – трик на Ерлинг Халанд за триумф на Манчестер Сити

Манчестер Сити го победи Вулверхемптон со 3:0 на „Етихад“, а во главна улога беше Ерлинг Халанд. Тој постигна хет – трик и во моментот ги доближи „граѓаните“ на два бода до лидерот Арсенал. Сепак, „топчиите“ имаат два одиграни натпревари помалку.

Халанд во 40.минута до доведе Сити во водство, а во 49.минута реализираше пенал. Во 54.минута го постигна третиот гол и го одлучи мечот.

Лидс Јунајтед и Брентфорд одиграа без голови на „Еланд Роуд“.

Scroll to Top