Top Sport

Јосип Јурановиќ потпиша за Унион Берлин

Хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ е нов фудбалер на германскиот бундеслигаш Унион Берлин. Тој од редовите на шкотскиот гигант Селтик се сели во Бундеслигата.

Унион Берлин за овој трансфер на Селтик ќе му плати 10 милиони фунти, од кои седум милиони веднаш и преостанатите три милиони низ бонуси.

Јурановиќ блесна во репрезентацијата на Хрватска на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top