Top Sport

Хет-трик на Ибрахимовиќ, пресврт на ЛА Галакси (Видео)

Исклучително ефикасен и неизвесен дуел одиграа ЛА Галакси и Орландо, во рамките на МЛС лигата. Екипата од Лос Анџелес победи со 4:3.

Гостите по првиот дел имаа предност 1:2, откако Сиани постигна авто-гол во последната минута.

Во второто полувреме на теренот играше не само еден тим, туку само еден човек, Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот Швеѓанец го израмни резултатот на 2:2 во 47.минута, меѓутоа само седум минути подоцна Орландо повторно ја врати предноста со голот на Даер.

Бодовите сепак останаа во Лос Анџелес, откако Ибрахимовиќ во 67. и 71.минута постигна два гола.

Швеѓанецот стигна до бројката од 15 постигнати гола на 17 натпревари во МЛС лигата.

ЛА Галакси по оваа победа се наоѓа на третото место во Западната конференција и има серија од девет натпревари без пораз.

Scroll to Top