Top Sport

Бејкер со светски рекорд на 100 метри грбно (Видео)

Американката Кејтлин Бејкер, на првенството на САД во пливање, постави нов светски рекорд во дисциплината 100 метри грбно.

21-годишната Американка, која на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освои злато и сребро, на првенството во Ирвин, Калифорнија, делницата од 100 метри ја исплива за 58 секунди.

Бејкер за 10 стотиники го подобри рекордот на Канаѓанката Кајли Мас.

Scroll to Top