Top Sport

Хет-трик на Санцет, Билбао ја прекина лошата серија со победа над Кадиз

Атлетик Билбао ја прекина низата од три порази во Ла лига и пет меча без победа, триумфирајќи со 3:1 против Кадиз и покрај тоа што последните половина час ги играа со 10 фудбалери.

Младиот Оихан Санцет им донесе водство на домаќините по само 10 минути игра, но Кадиз израмнија во 25. минута преку Гонзало Ескаланте. Санцет повторно стрелаше во 35. минута, за во 44. минута, Јерај Алварез да зголеми на 3:1. Второто полувреме беше многу „помирно“, откако Јури Бершиш доби втор жолт картон во 59. минута од мечот, но баскискиот клуб остана смирен и стигна до победа, откако Санцет го комплетираше хет-трикот во 75. минута од мечот.

Билбао се искачуваат на седмото место на табелата со 29 поени, исто колку и осмопласираните Рајо Валјекано (со меч помалку), додека Кадиз останува во зоната за испаѓање на 18. место со 19 поени, еден помалку од 17-пласираниот Валјадолид.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top