Top Sport

Хетафе го надигра Реал, ама мрежите мируваа – потоп на Леванте сред Валенсија

Реал Мадрид нагости кај градскиот ривал Хетафе одигра 0-0 во рамки на редовно коло од Ла Лига.

„Кралевите“ без Бензема, Крос и Рамос во првата постава беа надиграни од Хетафе. Домашните упатија 6 удари во рамките на голот на Куртоа, додека избраниците на Зидан само двапати гаѓаа меѓу стативите.

Со вечерашното реми Реал заостанува 3 бода зад лидерот Атлетико на 7 кола до крајот на превенството.

Засега Барселона е трета со 65 бода, но и меч повеќе за играње од ривалите.

Леванте понижен на свој терен од Вилјареал, 1-5. Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги одигра сите 90 минути за тимот од Валенсија.

Домаќините си постигнаа два автогола, преку Постиго во 9 минута, и Везо во 72 минута. Останатите три погодоци за „жолтата подморница“ беа дело на Морено и на двапати Чиквиезе.

Единствениот погодок за домашниот тим беше дело на Малса во 21 минута, тогаш за 1-2.

Вилјареал останува петти на табелата со 49 бода, додека Леванте по 31 одигран меч во Ла Лига има 38 поени, доволно за деветтата позиција.

Scroll to Top