Top Sport

Хетафе ја зголеми кризата на Севилја (видео преглед на неделните натпревари)

Севилја претрпе и втор пораз едноподруго во Ла лига, откако по болниот пораз од Бетис во градското дерби, на сопствениот „Рамон Санчес Писхуан“ ги шокираше расположениот тим на Хетафе со 0:2 со двата гола на Анхел.

Гостите дојдоа во водство уште во третата минута, кога Молина фантастично го најде Анхел Родригез, кој без проблем го совлада Томаш Вацлик. Анхел беше на вистинското место и во 36. минута по уште една одлично проиграна акција за да ги донесе трите поени и втората победа на Хетафе оваа сезона.

Претходно, во другите неделни мечеви во Ла лига, Алавес го шокираше Валјадолид со 0:1, Еспањол тешко стигна до 1:0 победа над Леванте на нашиот Енис Барди, а Вилјареал освои три поени со идентична 1:0 победа на гостувањето кај Леганес.

ЛА ЛИГА, 4.КОЛО

Леганес – Вилјареал 0:1

Еспањол – Леванте 1:0

Валјадолид – Алавес 0:1

Севилја – Хетафе 0:2

Scroll to Top