Top Sport

Трајковски донесе прва победа за Палермо (видео)

Александар Трајковски е во одлична форма. Тоа треба да ги радува навивачите на Палермо, кои благодарение на македонскиот голгетер стигнаа до првата победа во новата сезона во Серија Б, тешките 2:1 на гостувањето кај Фоџа.

Фоџа дојде до водство преку Крагл во првото полувреме, за во второто гостите од Сицилија да стигнат до победата благодарение на Трајковски. Тој прво му асистираше на Салви за 1:1 во 54. минута, за во 62. минута да постигне убав гол за 2:1 победа.

За Трајковски ова е втор гол во Серија Б оваа сезона, откако постигна фантастичен гол при 2:2 ремито со Кремонезе.

Scroll to Top