Top Sport

Игуаин спаси поен за Милан на Сардинија (видео)

Милан едвај успеа да спаси 1:1 реми на гостувањето кај Каљари, откако домашниот тим рано дојде до водство и ги намачи „росонерите“.

Бразилецот Жоао Педро го стартуваше својот прв меч по допинг-суспензијата во март, и на совршен начин им врати на навивачите на Каљари за поддршката со гол по само четири минути игра. По брзата контра на Каљари, Леонардо Паволети го погоди дирекот, а одбиената топка дојде кај Жоао Педро, кој го совлада немоќниот Џиџи Донарума.

Милан беше во дефанзива во поголемиот дел од првото полувреме, а кога напаѓаше за одбележување беа двете лоши промашувања на Џакомо Бонавентура во финишот на полувремето.

Сепак, Гонзало Игуаин беше донесен во Милан да се засили слабиот напад и тој го направи тоа за што е платен користејќи ја грешката на одбраната во 56. минута, за елегантно да го совлада противничкиот голман.

Фото: ЕПА

Scroll to Top