Top Sport

Хетафе на чекор од ЛШ, Џирона на чекор од испаѓање (видео)

Сонот за настап во Лигата на шампионите на малиот клуб од мадридското предградие Хетафе е блиску до остварување, откако во меч од 36. коло во Ла лига стигна до 2:0 победа над Џирона, резултат кој пак, го остава малиот каталонски тим во опасност од испаѓање од елитата.

Хетафе поведе со 1:0 со голот на Хорхе Молина во 16-тата минута, а откако Џирона остана со играч помалку по црвениот картон на Гарсија во 69. минута, Анхел седум минути подоцна ги постави конечните 2:0.

Хетафе прекинувајќи ја низата од два меча без победа, останува четврт во Ла лига со 58 поени, три повеќе од Севилја на само две кола пред крајот на шампионатот. Џирона пак е на 17. место со 37 поени, само два повеќе од Валјадолид, кои со победа над Атлетик Билбао денеска ќе излезат од зоната за испаѓање.

Scroll to Top