Top Sport

Хетафе победи во Вилјареал, Џирона и Алавес освоија по бод (Видео)

Хетафе победи кај Вилјареал со 2:1, а Џирона и Алавес одиграа 1:1 во последните два натпревари одиграно во ла Лига, во саботата.

Неверојатно второ полувреме одиграа Вилјареал и Хетафе, полувреме кое само ја продлабочи кризата на домашниот тим. Хорхе Молина погоди во 52.минута за Хетафе, а израмни со авто-гол Кабрера во 76.минута.

Во самиот финиш, во 89.минута Анхел погоди за нова предност на Хетафе. Вилјареал имаше шанса за 2:2, меѓутоа Екамби во 92.минута не реализираше пенал.

Вилјареал остана на претпоследното место на табелата, додека Хетафе се искачи на шестата позиција.

Џирона и Алавес освоија по еден бод откако одиграа 1:1. Џирона е осма во Ла Лига, а Алавес барем до комплетирањето на колот е на позицијата број четири.

Кристијан Стуани постигна брилијантен гол во 12.минута, а бод на Алавес им донесе Борха Бастон по 50.минута игра.

Scroll to Top