Top Sport

На МТВ 2 Стоилов е „играчот со број 5“ (Видео)

Уредникот на спортската редакција на албански јазик во Македонската радио телевизија, Мустафа Адеми, предизвика скандал со својот коментар од натпреварот помеѓу Македонија и Јапонија, одигран во првото коло на Светското првенство во ракомет.

Адеми, непрофесионално во текот на директниот пренос ниту еднаш не го изговори името на репрезентативецот на Македонија, Стојанче Стоилов. За Адеми, Стоилов е „играчот со бројот 5“.

„Инфоспорт“ пренесува дека причината за непрофесионалноста на Адеми била заминувањето на Стоилов од неодамнешниот избор на „Спортист на Македонија“. За потсетување, Стоилов ја напушти церемонијата, кога еден од наградените на присутните им се обрати на албански јазик.

Gazetari shqiptar i sportit në TVM2, Mustafa Ademi injoron totalisht emrin e Stojance Stoilovit ⬇️⬇️

Posted by infosport.mk on Сабота, 12 јануари 2019

Видео: infosport.mk

Scroll to Top