Top Sport

Хеведес во пензија на 32 години, ќе се посвети на семејството

Бенедикт Хеведес, освојувачот на светската титула со Германија од 2014 година, реши да се повлече од фудбалот на 32 години, потврди германскиот неделник „Дер Шпигел“. Хеведес, кој ги одигра сите натпревари на СП во Бразил во 2014 година, вели дека можел да продолжи со фудбалот, но дека сака да поминува повеќе време со својот син.

„Едноставно забележав колку радост имам кога го поминувам времето со мојот син и фудбалот едноставно стана неважен“, вели Хеведес.

32-годишниот Хеведес постигна два гола во 44 меча во германската репрезентација, а во кариерата играше за Шалке, Јувентус и рускиот клуб Локомотив Москва, со кого го раскина договорот минатиот месец.

Scroll to Top