Top Sport

Тајсон Фјури е најдобриот тешкаш според магазинот „Ринг“

ВБЦ шампионот Тајсон Фјури е најдобриот боксер во тешка категорија според рејтингот на угледниот боксерски магазин „Ринг“, иако неговиот британски сонародник Ентони Џошуа е носител на ВБА, ИБФ и ВБО титулите.

31-годишниот Фјури се искачи на првото место во категоријата по импресивната победа над Дионтеј Вајлдер во февруари за повторно да стане светски шампион, додека 30-годишниот Еј Џеј е втор по враќањето на титулите по реваншот со Енди Руиз Јуниор. Двајцата имаат договор за два меча во 2021 година во обид да се добие апсолутен шампион во категоријата.

На третото место има уште едно изненадувачко име, Дилијан Вајт, пред американскиот предизвикувач Вајлдер. Вајт има една победа во тешка категорија (од Џошуа во 2015) и 27-1 скор и е официјаен предизвикувач за ВБЦ титулата повеќе од 1.000 дена.

Во топ 10 на „Ринг“ се и Луис Ортиз, Александер Поветкин, Џозеф Паркер, Мајкл Хантер, Оскар Ривас и бугарскиот предизвикувач за титулите на Џошуа, Кубрат Пулев.

Scroll to Top