Top Sport

Ништо од париско финале Надал-Федерер, би се сретнале во полуфиналето

Рафаел Надал и Роџер Федерер се сместени во истиот дел од ждрепката за Франција опен на Ролан Гарос, што значи дека двајцата долгогодишни ривали би се сретнале во полуфиналето.

Надал ќе брка 12. титула на Ролан Гарос, додека Федерер, кој ја освои титулата во 2009 година, игра првпат на турнирот од 2015 година. Надал стартува против квалификант, додека Федерер против Италијанецот Лоренцо Сонего.

Првиот носител, Новак Ѓоковиќ, кој го оствари гренд слемот во кариерата со победа над Енди Мареј во финалето во 2016 година ќе игра со полскиот рекет број 43, Хуберт Хуркач во првото коло.

Во женска конкуренција, најинтересниот меч од првото коло ќе биде помеѓу поранешната шампионка, Летонката Јелена Остапенко против двократнат гренд слем шампионка Викторија Азаренка. Уште поинтересно, победникот од овој дуел оди на светската тенисерка број 1, Наоми Осака, која стартува против Ана-Каролина Шмидлова. Во оваа половина од ждрепката е и актуелната шампионка, Симона Халеп, која почнува против Хрватката Ајла Томљановиќ.

Во вториот дел од ждрепката, втората носителка Каролина Плишкова игра со Американката Медисон Бренгл, а Серена Вилијамс со Виталија Дјаченко. Постарата Вилијамс, Венус почнува со тежок меч со Украинката Елина Свитолина.

Scroll to Top