Top Sport

Хидинк за реваншот со Барса: Се сомневав дека натпреварот е наместен

Поранешниот менаџер на Челзи, Гус Хидинк, не може да го заборави реваншот од полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во 2009 година против Барселона. По ремито без голови на првиот натпревар во Каталонија, на „Стемфорд Бриџ“, сините имаа гол предност и неколку можности да го исфрлат голем ривал, но не успеаја, или пак тоа не им го дозволи норвешкиот судија Том Хенинг Овребе.

Холандскиот тренер зборуваше за теориите на заговор кои ги слушал во тој период.

„Бевме многу разочарани. Успеавме да играме против силната Барселона 0:0 на нивен терен, потоа поведовме дома, создадовме повеќе шанси“, се сеќава Хидинк.

„Во неколку наврати баравме и пенал за очигледено играње со рака, но судијата секогаш само одмавнуваше со раката. Некои тврдеа дека се е наместено. Длабоко во себе, не верувам, но тогаш се сомневав во тоа“.

Хидинк објаснува и зошто се сомневал во намерите на скандинавскиот арбитар.

„Челзи и Манчестер Јунајтед играа во финалето претходната година, а со оглед на доминацијата на Премиер лигата, размислував за неколку теории на заговор. На пример, дека УЕФА сака да избегне истите два клуба повторно да стигнат до финалето“, нагласи Хидинк.

Андрес Иниеста, во реваншот во судиското надополнување на времето, постигна гол вреден пласман во финалето.

Scroll to Top