Top Sport

Хименез дивеел по елиминацијата, му се заканува суспензија до 15 натпревари

Уругвајците предизвикаа голем скандал веднаш по елиминацијата од Светското првенство во Катар. Одбрамбениот играч Хосе Марија Хименез, според шпанските медиуми, се соочува со суспензија од 15 натпревари.

По завршувањето на натпреварот со Гана, Уругвајците го опколија главниот судија Сиберт и неговите помошници. Сметаа дека ги оштетил, кога во финишот на мечот не досудил пенал врз Кавани.

Инаку, Уругвај ја победи Гана со 2:0, но испадна поради полошата гол-разлика од Јужна Кореја.

Во мешаницата која настана по натпреварот, Хименез со лакт го удри директорот на ФИФА. И покрај тоа што тој немал намера, туку случајно го закачил службеното лиеце, според „Мундо Депортиво“, 27-годишниот дефанзивец се соочува со суспензија од 15 натпревари.

Имено, ваквиот потег се смета за напад на службено лице.

Не е јасно дали евентуалната суспензија од 15 натпревари би се однесувала на Уругвај или и на клупскиот фудбал. Хименез, инаку, е играч на Атлетико Мадрид. Тој се соочува со парична казна од најмалку пет илјади швајцарски франци.

„Крадци, овие кучкини синови се куп крадци… Само продолжете да ме снимате…“, рече Хименез пред камерата по натпреварот, додека неговиот соиграч Единсон Кавани го собори ВАР мониторот.

 

Scroll to Top