Top Sport

Хит на интернет: Изданието на Погба против Брајтон (Видео)

Пол Погба, на почетокот на летото, успеа да стане светски првак со Франција, меѓутоа никако не може да ги убеди навивачите на Манчестер јунајтед дека може да биде лидер во тимот на Жозе Мурињо.

Манчестер јунајтед изминатиот викенд доживеа пораз во Брајтон (3:2), а токму играта на Погба најчесто ја коментираат фановите на „црвените ѓаволи“. Вистински хит на социјалните мрежи е неговото издание на дуелот во Брајтон.

„Го гледав ова десет пати и можно е дека ова е партија со најмалку почит на еден фудбалер кон клубот. Ова не е лош ден на работното место, ова е саботажа“, напишал на „Твитер“ еден навивач на Јунајтед.

Scroll to Top