Top Sport

Федерер бил тажен поради промените во Девис купот

Интернационалната тениска федерација (ИТФ), реши да направи радикални промени во престижното репрезентативно натпреварување, Девис куп. Досегашниот формат од Светската група со 16 репрезентации, ќе биде заменет со седум дневен турнир, на кој ќе учествуваат 18 селекции. Турнирот ќе се игра кон крајот на ноември.

Најголем дел од тенисерите ги поздравија промените, бидејќи според нив актуелниот календар е пренатрупан и те не можеле секогаш да играат за своите репрезентации. Поради тоа голем број од нив едноставно ги прескокнуваа репрезентативните натпревари.

Еден од оние тенисери кои долги години не играл за својата репрезентација е Роџер Федерер, но и покрај тоа тој не ги поддржува промените што ги направи ИТФ.

„Не знам што да кажам, не знам ниту како се одвивало гласањето, знам дека ИТФ никогаш не ги вклучувал тенисерите во своите одлуки. Тука се нашите Сојузи, но ние сме таму, а вистината е дека не сме таму. Изненаден сум од оваа одлука. Тажен што повеќе Девис купот нема да биде истиот. Никогаш повеќе ништо нема да биде исто“, рекол 37-годишниот Швајцарец.

ИТФ потпишале договор со инвестициската групација „Космос“, која се обврзала во наредните 25 години да вложи три милијарди долари во Девис купот.

„Ова е натпреварување за наредната генерација и јас се надевам дека ќе го наплатат секој цент од тој голем договор. Мораме да им пружиме шанса да видиме како ќе функционираат“, рекол Федерер.

Scroll to Top