Фудбалскиот клуб Ајнтрахт од Франкфурт, по завршувањето на сезоната ќе остане без тренерот Ади Хитер, тврди „Кикер“.
Според овој извор, Австриецот ги привршувал преговорите со Борусија од Менхенгладбах. Тренерот на овој клуб, Марко Розе, од наредната сезона се сели во Дортмунд.
Хитер, неодамна го продолжи договорот со Ајнтрахт до 2023 година. Во договорот има откупна клаузула од 7,5 милиони евра. Клубот од Менхенгладбах има намера да ја активира таа клаузула.
Германските медиуми, тврдат дека Ајнтрахт, покрај тренерот, ќе го напушти и спортскиот директор Фреди Бобиќ.
Ајнтрахт Франкфурт, сезонава, бележи одлични резултати, на осум кола до крајот на првенството се наоѓа на четвртото место, со реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.