Top Sport

Хитот во ЛШ – молдавски Шериф не може да стигне до заработените милиони!

Фудбалерите на Шериф Тираспол се најголемиот хит во досегашните натпревари сезонава во фудбалската Лига на шампиони.

Неверојатно делуваа мечевите на Шериф најпрво во квлификациите каде ги елиминираа Црвена Звезда и Динамо Загреб, а потоа сјајната низа продолжи и во групната фаза.

Тимот од Тираспол заработи милиони на зелениот терен, но парите не можат да легнат на нивната сметка затоа што банката во Приднестровље или Транснистрија не работи со странски валути.

Шериф е клуб од Молдавија која се води како независна држава под контрола на Русија, а главниот човек во клубот е Виктор Гушан, поранешен член на КГБ.

Фудбалската секција е само еден дел од она што Гушан го води во Транснистрија, а сите фирми се под едно име – Шериф.

Засега клубот нема начин како да ги добие заработените 20 милиони евра.

Првиот човек на Приднестровље, Вадим Красноселски упатил молба до премиерката на Молдавија, Наталија Гаврилити, но засега решение нема.

Во оваа област се издава сопствена валута – приднестровска рубља, но проблемот е што таа банка никој не ја признава, дури ни УЕФА.

Scroll to Top