Top Sport

Ходл: Деле Али како да го „прибрале од улица“ – Лампард: Ова е модерно доба

Новиот менаџер на Евертон, Френк Лампард застана во одбрана на Деле Али откако поранешниот англиски селектор Глен Ходл изјави дека изгледал како да го „прибрале од улица“ при презентацијата на „Гудисон парк“.

Али го комплетираше постојаниот трансфер од Тотенхем и заедно со Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед (кој дојде на позајмица) беа презентирани на полувремето од 4:1 победата над Брентфорд во ФА купот и Ходл беше критичен на неговиот избор на облека.

Лампард вели дека во клубот ќе има слобода на изразување.

„Не ми е грижа каква кола вози, каква облека носи, туку само да доаѓа на тренинг секој ден, да сака да биде подобар, да го почитува клубот и соиграчите и да го даде максимумот. Модерното доба е пред нас, работите се сменети и мора да бидеме свесни за тоа. Не сакам да напаѓам некого за мислење. Можеби Дони ќе сака да носи капут или јакна, но тоа не е важно“, вели Лампард.

Scroll to Top