Top Sport

Хофман знае како против Лајпциг – Убедлив триумф на Менхенгладбах

Фудбалерите на Борусија Мехенгладбах славеа против Лајпциг со 3:0 во натпреварот од седмото коло во Бундес лигата.

Херој на победата на домаќинот беше Јоханес Хофман, кој уште еднаш беше кобен за „биковите“.

Со два гола на овој меч германскиот репрезентативец стигна до вкупно шест против Лајпциг, а повеќе од него има само Роберт Левандовски (7).

Хофман ги постигна двата гола во првото полувреме, додека Рами Бенсебаини ја запечати победата во вториот дел.
Борусија моментално е шеста со 12 бодови, додека Лајпциг продолжува да игра топло-ладно и моментално е на 12. место на табелата во Бундеслигата.

Scroll to Top