Top Sport

Валенсија ја победи Селта – Кавани стана најстариот дебитант во Примера

Фудбалерите на Валенсија забележаа сигурна победа против Селта Виго од 3:0. на свој терен. Дуелот го одбележа дебито на Единсон Кавани за Валенсија. Уругваецот со 35 години и 215 дена стана најстариот играч кој дебитирал во Ла Лига во 21. век.

Селта имаше неколку убави шанси на почетокот на натпреварот, дури во 19. минута судијата ја гледаше снимката и проверуваше дали има пенал за гостите, но се покажа дека ситуацијата е чиста.

Казната за пропуштените шанси дојде во 37. минута кога Саму Кастиљехо ја испрати одбиената топка во мрежата.

Во 60. минута Селта остана со играч помалку бидејќи Франко Серви доби директен црвен картон.

На Валенсија и беа потребни добри 20 минути за да ја материјализира предноста од играч повеќе.

Одличен гол постигна Маркос Андре во 82. минута, а конечниот резултат го постави Андре Алмеида во третата минута од судиското надополнување.

Валенсија се наоѓа на осмото место со девет бодови, Селта има два помалку и е на 13.позиција.

Scroll to Top