Фудбалската репрезентација на Холандија доби нов селектор. „Лалињата“ во иднина ќе ги предводи поранешниот фудбалер на Ајакс и Барселона, Франк де Бур.
Франк де Бур (50) на функцијата доаѓа на местото на Роналд Куман кој пред нешто повеќе од еден месец стана тренер на Барселона. 50 годишникот тренерската кариера ја започна во Ајакс, а работел и во Интер, Кристал Палас и Аталанта јунајтед.
Има искуство во националниот тим како помошник на Берт ван Марвјик.
Де Бур на функцијата ќе дебитира на 7 октомври на пријателскиот меч против Мексико, додека на официјален меч прв пат ќе ја предводи Холандија на 11 октомври против Босна и Херцеговина.