Top Sport

Холандија прва го победи светскиот шампион, Германија во „втора лига“! (видео)

Репрезентацијата на Холандија, која е во фаза на „реновирање“ по неуспехот да се пласира на СП во Русија ова лето, стана првата репрезентација која ја победи Франција откако „триколорите“ станаа шампиони во Москва ова лето, по одличната 2:0 победа во Ротердам.

Човек на одлука беше, Георгино Вајналдум, кој во финишот на првото полувреме се најде на вистинското место по една лоша интервенција на француската одбрана, за да го совлада Иго Љорис за славје на „Де кујп“. Потврдата на победата дојде со гол од пенал во 96. минута, кога Мемфис Депај беше прецизен.

Резултатот, пак, е лоша вест за Германија, откако во групата 1 од Лига А, Французите остануваат први со 7, Холанѓаните сега имаат 6, додека „маншафт“ има само еден освоен поен. Германците имаат и натпревар помалку, но тоа не е најважно, бидејќи овој распоред на табелата значи дека тимот на Јоаким Лев по мизерното испаѓање по групи на СП, од следната сезона ќе игра во „втората“ Лига Б.

ЛИГА НА НАЦИИ, 5.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 1

Холандија – Франција 2:0

Табела: Франција 7, Холандија 6, Германија 1

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Словачка – Украина 4:1

Табела: Украина 9, Словачка 3, Чешка 3

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Велс – Данска 1:2

Табела: Данска 7, Велс 6, Ирска 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Кипар – Бугарија 1:1

Словенија – Норвешка 1:1

Табела: Норвешка 10, Бугарија 10, Кипар 5, Словенија 2

Scroll to Top