Top Sport

Ѓоковиќ не му даде ниту „утешна“ победа на Чилиќ, со 3-0 во полуфинале

Новак Ѓоковиќ ја продолжи победничката низа против хрватскиот ривал Марин Чилиќ, победувајќи го со 7:6(7)/6:2 во последното коло по групи на АТП финалето во Лондон, во меч кој немаше големо значење.

Ѓоковиќ и пред овој меч го имаше обезбедено првото место во групата и дуел со Кевин Андерсон во полуфиналето, додека Чилиќ немаше шанси за пласман, така што тенисот беше само за полната „О2 арена“ во Лондон.

По тесниот прв сет, кој се одлучуваше во драматичен тај-брејк, српскиот светски тенисер број 1, бргу го декласираше Чилиќ во вториот сет за да го забележи 17-тиот триумф во 19 меча со својот добар пријател.

Во второто полуфинале во Лондон играат Роџер Федерер и Александер Зверев.

Фото: ЕПА

Scroll to Top