Top Sport

Холандија со 10 гола во мрежата на Замбија, Бразилките со „петарда“ за Кина

Женската фудбалска репрезентација на Холандија дебитираше на ОИ во Токио со десет гола во мрежата на противничките од Замбија. Мечот од групата Ф го добија со резултат 10-3.

Епилогот на мечот беше познат уште по 15-тина минути кога „лалињата“ постигнаа 3 гола, а по првите 45 минути на семафорот веќе стоеше 6-1.

Во вториот дел репрезентативките на Холандија постигнаа уште 4 гола, а хет-трик кај африканската репрезентација забележа Барбра Банда.

Треба да се напомене дека 4 од 10-те гола за победничката селекција одат зад името на Вивиен Миедема.

Во истата група, Бразил со високи 5-0 ја декласираше селекцијата на Кина. Два од петте гола се дело на искусната Марта, додека останатите погодоци се за Дебиња, Беатрис и Андреса, од пенал.

Scroll to Top