Top Sport

Од Динамо смируваат: Адеми има мало оштетување на мускулот на ногата

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб со официјално соопштение се обиде да ја смири ситуацијата кога станува збор за шпекулациите околу повредата на капитенот на тимот – македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми кој синоќешниот меч против Омонија го заврши во 42-та минута.

„Со оглед на големиот интерес од медиумите и поради некои непроверени информации кои се појавија, а се однесуваат на здравствената состојба на капитенот на Динамо, Аријан Адеми, ја информираме јавноста дека завршија дијагностичките прегледи и тие покажаа дека има мало оштетување на мускулот на десната нога. Клупската медицинска служба започна со процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од тој процес ќе се знае кога нашиот капитен ќе се врати во требажен процес. Аријан Адеми денеска се чувствува многу подобро“ стои во соопштението на „модрите“.

На синоќешниот меч се повреди уште еден член на екипата, Лука Иванушец.

„Иванушец е во ред, доби силен удар во грбот, остана без воздух, но сега е добро“ изјави тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.

Стравувањата и првите проценки беа дали Адеми има повреда и на задната ложа која би можела да го спречи да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски на септемвриските квалификации за СП во Катар:

Адеми би можел да паузира три месеци

Scroll to Top